Актуелно 26.03.2020 14:17

ФОТО: Кашикара пред тетовскиот затвор, полицијата на терен

ФОТО: Кашикара пред тетовскиот затвор, полицијата на терен

Неексплодирана рачна бомба кашикара утринава е забележана пред Казнено поправната установа во Тетово.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски во изјава за Курир потврдува дека случајот кај нив е пријавен утринава од страна на вработен во затворот.

-Околу 10:30 часот вработен во затворот пријавил дека во близина на објектот додека го паркирал своето возило „Голф“ со тетовски регистерски ознаки покрај предното лево тркало забележал неексплодирана рачна бомба кашикара, вели Јосифоски во изјава за Курир.

Полициски екипи вршат увид на местото, а повикани се и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување и Единицата за антитероризам за подигнување на експлозивната направа.

СВР Тетово презема мерки за расчитување на случајот, како и пронаоѓање на сторителот.