Мозаик 22.01.2021 01:10

ФОТО: Лош фотошоп на Јелена Карлеуша

ФОТО: Лош фотошоп на Јелена Карлеуша

Фотографите ја снимале Јелена Карлеуша пред студиото на шоуто Ѕвезде Гранда неколку дена по ред, а пејачката, позната по уредувањето фотографии на социјалните мрежи, потоа се пофали со фотографиите во истите комбинации на Инстаграм.

Фолк sвездата се појави пред студиото во црн тесен фустан што го истакна нејзиното деколте. Неколку часа подоцна, таа објави фотографија во истиот фустан.

Ден претходно, таа го привлече вниманието пред студиото во минијатурен комплет од тексас кој го открива нејзиниот стомак и добар дел од градите. И во таа комбинација се појави фотошопирана на Инстаграм.

Карлеуша ја следат 2,3 милиони луѓе на Инстаграм, а за нејзиното уредување фотографии и селфи често се дискутира. “Мотивациска порака за хејтерите: Изгледам 100 пати подобро во живо и сум убава без шминка. На сите им посакувам прекрасен ден”, напишала еднаш на социјалните мрежи.