Актуелно 25.11.2018 14:58

ФОТО: Откорнат опашот на Бикот, скулптурата оштетена- Каде се градските редари и полицијата во Центар?

ФОТО: Откорнат опашот на Бикот, скулптурата оштетена- Каде се градските редари и полицијата во Центар?

Конечно говедата успеаја. Секојдневно се качуваа, го јаваа, корнеа, висеа и бикот попушти.
Со свои очи сме виделе како тетки од по 40 години висат на роговите и се качуваат на главата, а тинејџери се нишаа на опашката. Каде се градските редари и полицијата во Центар. Се надеваме дека Град Скопје ќе интервенира и ќе го завари опашот и повнимава што се случува во центарот на градот- вака стои во коментарот до фотографијата од Бикот на улица „Македонија“ со откорнат опаш.

Скулптурата бик која беше дел од проектот „Скопје 2014“ со која се фотографираа посетителите на главниот град беше мета на несовесни граѓани, како што е објавено на ФБ профилот „Скопје Скопска“.

Најнови вести