Во Видеолотарија Касинос Аустриа пристигна Никола Алачев од Муртино. Тој е среќен сопственик на 8.442.127,00 денари, откако го освои вториот Супер милионер џек пот. Добивката е постигната во Спортлајф во Муртино.
Никола Алачев заедно со семејството, пристигна во просториите на Видеолотарија. Видно возбуден и се’уште во неверување за големата среќа, ни ја раскажа својата среќна приказна. Во моментот кога видел дека ја освоил добивката Супер милионер џек пот возбуден го оставил добитниот ваучер кај вработениот во Спортлајф и веднаш излегол малку на воздух, да се соземе.
Никола откри дека од парите планира да си купи стан во Струмица и нов автомобил,. Тие ќе му бидат убав спомен дека на 25 март 2021 година, добивката Супер милионер џек пот на Видеолотарија Касинос Аустриа го измени неговиот живот на подобро.
Добивката Супер милионер џек пот во фантастична вредност од 8 до 12 милиони денари се постигнува со учество на ВЛТ игрите на среќа. Првиот Супер милионер џек пот вреден 10.922.768,00 денари беше освоен во Бет ту мар B2M 057 Трубарево на 15.03.2021.
Добивката Супер милионер џек пот се постигнува со учество на ВЛТ игрите на среќа. Едновремено, Државна видеолотарија информира дека популарните Мини и милионер џек пот добивки, остануваат и понатаму среќна опција за нашите играчи и тоа, без промени.
Никогаш не знаете кои се вашето место и време за да станете милионер.