Актуелно 04.04.2021 21:31

ФОТО: Ова е младиот охриѓанец кој почина од коронавирус, дошол од Словенија за да си ја посети тешко болната мајка

ФОТО: Ова е младиот охриѓанец кој почина од коронавирус, дошол од Словенија за да си ја посети тешко болната мајка

Најмладиот од 35-те лица што починаа од коронавирус во последното деноноќие, 28-годишниот охриѓанец Лазар Секулоски, дошол од Словенија, каде што работел, за да ја види мајка си болна од рак на белите дробови, хоспитализирана во Општата болница во Охрид.

За време на престојот во татковината тој заболел од коронавирус и прво бил примен во болницата во Охрид, но поради влошената состојба бил префрлен во Клиничкиот центар во Скопје, каде што во последните две седмици бил приклучен на респиратор.

Секулоски бил дијабетичар и имал проблеми со тироидната жлезда.