Актуелно 23.01.2021 00:31

ФОТО: Тешка сообраќајка вечерва во центарот на Скопје

ФОТО: Тешка сообраќајка вечерва во центарот на Скопје

Tешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на крстосницата меѓу улиците Франклин Рузвелт и Теодосиј Гологанов во центарот на Скопје во која има и повредени.

До несреќата дошло кога автомобил ,,пасат” со скопски регистарски ознаки удрил во две други возила.

По ударот автомобилот се одбил и соборил столбови на улицата. Неофицијално дознаваме дека две лица се тешко повредени.

Увидот е во тек.