Манекенката Роузи Хантингтон Вајтли, како поголемиот дел од светската популација деновите ги поминува во изолација со својот сопруг и син, а одвреме-навреме на социјалните мрежи споделува фотографии и виртуелно комуницира со своите пријатели и фанови.
Таа е позната по тоа што на Инстаграм често споделува свои ‘шик’ модни изданија, а жените обожуваат да ги гледаат фотографиите од нејзиниот гардеробер каде што убавата русокоса покажува какви тренд парчиња има.
Но, бидејќи сега поголемиот дел од своето време го поминува во тренирки, повеќе ги нема нејзините модни парчиња на профилот, но тоа не значи дека истиот ѝ е здодевен – напротив!
Атрактивната манекенка решила да ја загрее атмосферата, објавувајќи фотографија на својот профил на која што позира само во долниот дел од тренирките, додека пак на горниот дел од телото не носи ништо.
Таа позирала пред огледало, истакнувајќи го своето совршено обликувано тело и бујните гради кои што ги сокрила со рацете.
Инаку, Роузи редовно објавува фотографии без шминка, докажувајќи дека воопшто не треба да се среамиме од својот природен изглед…