Мозаик 18.04.2018 11:11

ФОТО: Volvo претстави камион на електрична енергија

ФОТО: Volvo претстави камион на електрична енергија

Шведскиот производител „Volvo Trucks“ го претстави својот прв електричен камион – „FL Electric“. Ниските нивоа на бучава ќе овозможи моделот да биде употребен во текот на ноќта, а нула емисијата ја прави идеална опција за затворени терминали и еколошки зони.

Продажбата и сериското производство на „Volvo FL Electric“ стартуваат во почетокот на 2019-та година. Камионот тежи 16 тони, а е опремен со електромотор кој развива моќност од 252 КС и 425 Nm вртежен момент. Преносот има два брзини и литиум-јонската батерија со капацитет од 100 до 300 kW/h.

Полнењето на акумулаторите од посебна станица трае помеѓу 1 и 2 часа, а при користење на стандардната електричната мрежа – до 10 часа. Со само едно полнење, „FL Electric“ може да патува до 300 км.

Првата компанија која ги добива електричните камиони на „Volvo“ е шведската „Renovo“. Таа се занимава со собирање и преработка на ѓубре, а „FL Electric“ ќе биде користен на почеток по улиците на Гетеборг. Транспортната компанија „TGM“ исто така ќе добие неколку примероци од моделот.