Банкарство 07.11.2018 21:26

Франција бара обештетување од фантастични 1,6 милијарди евра од швајцарска банка

Франција бара обештетување од фантастични 1,6 милијарди евра од швајцарска банка

Франција , како тужител во судска постапка бара од големата швајцарска банка УБС во Париз обештетување од 1,6 милијарди евра за да санкционира голема измама и перење пари.

Адвокатот , кој ја претставува државата Хавиер Норман Бодард го критикуваше принципот на работа на банките достоен за Тартиф , каде ниту гледаат , ниту слушаат , ниту знаат, а се во име… на банкарска тајна.

Тој го повика Казнениот суд да се утврди систематската измама и перење пари , што се одвива со години , благодарејќи на благонаклонетоста на банките кои затворале очи пред состојбата во која клиентите им го доверувале богатството на тајни сметки или во фондови и трустови со седиште на Бахамите или во Џерси.

Банката енергично ги отфрли обвинувањата , според кои во периодот меѓу 2004 и 2012 илегално праќала свои претставници на гала вечери и други луксузни настани за да бараат богати клиенти , на кои им отворале тајни сметки во Швајцарија.

Се проценува дека на овој начина на тајните сметки биле депонирани над 10 милијарди евра.