Економија 03.12.2018 23:06

Франција и Германија предложуваат oданочување на финансиските трансакции

Франција и Германија предложуваат oданочување на финансиските трансакции

Франција и Германија повторно ќе се обидат да ја оживеат идејата за одданочување на финансиските трансакции, што укажува на тоа дека земјите-членки ги намалуваат своите исплати во буџетот на ЕУ, пишува германскиот весник Зидојче цајтунг.

Министрите за финансии Олаф Шолц и Бруно Ле Мер треба денеска да презентираат предлог на состанокот со своите колеги во еврозоната во Брисел, објави баварскиот дневен весник.

Според нивниот писмен предлог, во кој имале увид од Зидојче цајтунг, данокот (кој е означен со англиската кратенка ФТТ) може да биде „важен фактор” во зајакнувањето на кохезијата на ЕУ.

Приходите „може да одат во буџетот на еврозоната”, пишуваат двајца министри.

Земјите учеснички ќе имаат право да го одземат износот на ФТТ што го плаќаат од нивниот придонес во буџетот на Унијата.

Предлогот го презема даночниот систем кој веќе постои во Франција и вклучува трансакции со акции на компании кои вредат повеќе од милијарда евра на берзата.