На крајот на летото едно прашање природно произлегува: Kоја земја е водечка туристичка дестинација за патувања во странство?
Одговорот го има Светската туристичка организација: Франција.
Франција привлече 86,9 милиони патници од странство минатата година, пред Шпанија (81,8) и САД (75,9 милиони). Следи Кина со 60,7 милиони туристи и Италија со 58,3 милиони.
Кога станува збор за континенти, Европа е најатрактивна со 671 милиони туристи или 51 отсто од вкупните патувања во странство.
Азиско-пацифичкиот регион изнесува 24 проценти, а Северна и Јужна Америка заедно сочинуваат 16 проценти.
Се на се, СТО(Светска туристичка организација) изброи 1,32 милијарди меfународни туристички пристигнувања минатата година. Критериумот е најмалку една ноќ во странска земја.