Француската држава, странка во судска постапка против швајцарската банка УБС во Париз бара „отштета од 1,6 милијарди евра“ за да биде санкциониран голем „систем на измами и перење пари“.
Адвокатот што ја застапува државата Ксавиер Норманд Бодард, го критикуваше системот „достоен за Тартиф во кој банките не гледаат, не слушаат и не знаат, во име…на банкарска тајна“. Тој го повика Кривичниот суд во Париз да се „произнесе за системот за измами и перење пари, кој дејствува со години благодарение на банките кои често затвораат очи пред состојбата во која биле нивни клиенти во матичната држава под услов да им го доверат имотот…на тајни сметки или во трустови, фондации или слично, со седиште на Бахами или во Џерси“.
Тие обвинувања ги отфрла УБС АГ, банка на која се суди поради тоа што меѓу 2004 година и 2012 година илегално испраќала свои претставници во Франција, кои преку нивната тамошна филијала барале богати клиенти на гала вечери, на лов или на спортски настани и ги наговарале во Швајцарија да отворат непријавени банкарски сметки.
На матичната банка и се заканува парична казна што може да биде до половинаод средствата на тајните сметки, на кои се проценува дека најмалку 10 милијарди евра.
Швајцарските банкари тврдат дека не знаеле за непријавените сметки на француски клиенти, бранејќи се дека законот не ги обврзува да се уверат во регуларноста на фискалната состојба на своите клиенти во државата во која живеат.
– Таков систем постои со години. Ќе се промени благодарение на меѓународни договори за размена на податоци, истакна Норманд-Бодард, дополнувајќи дека таа промена не е синоним за амнестија.
-Мора да се поднесат сметки, вели тој.