Актуелно,Економија 04.06.2018 16:52

Газпром одобри кредит за „Турски тек“

Газпром одобри кредит за „Турски тек“

Советот за директори на Газпром одобрил доделување кредит од 2,142 милијарди евра на компанијата „Саут Стрим танспрот“ која е оператор на проектот „Турски тек“.

Заемот се доделува за дополнување на средствата и е со камата од 3,98 проценти, а се предвидува да биде вратен најдоцна до 30 декември 2023 година.

Кон крајот на мај Газпром и турската Влада потпишаа протокол за копнен дел од транзитната линија на гасоводот „Турски тек“ за достава на руски гас до европските потрошувачи.

Во дополнување кон протоколот Газпром и турската компанија Боташ склучија договор за основните услови и параметри за изградба на тој дел. Потпишаните документи дозволуваат да се премине кон практични чекори за исполнување на проектот. Со изградбата на копнениот дел ќе раководи заедничката проектна компанија „Туркауим Гз Тасима А. С.“ која ќе биде создадена врз паритетна основа.

Пред извесно време претседателот на Управниот совет на турската компанија за гас, Виталиј Маркелов изјави дека Газспром води преговори за маршрута на втората линија на „Турски тек“ на територијата на Турција. Преку телеконференција потпретседателот на Газпром Александар Медведев изјви дека во најскоро време компанијата ќе ја одреди маршрутата на втората линија на „Турски тек“ за снабдување на земјите од Јужна и Југоисточна Европа. Според него, сега се разгледуваат две основни варијанти во согласност со процедурите во ЕУ и Европската комисија. Како потенцијални пазари тој ги посочи, Грција, Италија, Бугарија, Србија и Унгарија.

Газспром почна да го гради морскиот дел на „Турски тек“ во мај 2017 година

Најнови вести