Мозаик 25.01.2019 18:53

General Electric ќе ја гради најголемата ветерница за производство на електрична енергија

General Electric ќе ја гради најголемата ветерница за производство на електрична енергија

Американската компанија General Electric ќе ја гради најголемата ветерница за производство на електрична енергија. Станува збор за ветерницата под името Haliade – X, што во комерцијална употреба би требало да се стави во 2021 година.

Џиновската ветерница ќе биде висока 260 метри, од површината до врвот на лопатките. Само како споредба, Haliade – X ќе биде три пати поголема од Кипот на слободата во САД или колку Ајфеловата кула.

Распонот на лопатките е 220 метри, а при нивно движење, тие ќе зафаќаат површина од 38.000 метри квадратни. Нејзиниот капацитет ќе биде 12 мегавати.