Актуелно 18.12.2018 16:29

Герасимовски: Согласно Уставот во попис мора да има графа за етничка припадност (ВИДЕО)

Герасимовски: Согласно Уставот во попис мора да има графа за етничка припадност (ВИДЕО)

Во сите досегашни пописи постоело прашањето за етничка припадност и тоа е слободно изјаснување на граѓанинот согласно Устав. Меѓутоа треба да се има и во предвид дека секако јавноста и граѓаните се доста заинтересирани за прашањето на етничката припадност, секако колку сме, какви сме, посочува Дончо Герасимовски, поранешен директор на ДЗС во своето гостување на 1ТВ.

Герасимовски образложи дека во препораките за етничката припадност стојат етно-културошки карактеристики.

-Овие етно-културошки карактеристики спаѓаат етничката припадност која е споредбен белег, потоа е религиозната припадност која е споредбен белег и јазикот односно мајчиниот јазик кој исто така е споредбен белег. Затоа во препораките има главни споредбени изведени белези. Потребите се или препораките секогаш велат задолжително да се применуваат меѓународните стандарди, регионалните, а треба да се има во предвид и локалните. Тоа што значи доколку државата има потреба за било која карактеристики или белег внатре бидејќи податоците се добиваат од белезите кои што ќе бидат навадени во прашалникот, во образецот или онака кој ќе оди сега како апликација за внесувањето на податоците по електронски пат. Тоа значи тие сите податоци ќе се прибираат во тие белези, потенцираше Герасимовски.