Економија 29.08.2018 14:17

Германците делат работни дозволи – кои се условите?

Германците делат работни дозволи – кои се условите?

Германија подготвува Закон за доселување со кој ќе привлече работна сила од трети земји.

Целта е да се поедностават процедурите не само за оние со факултет, туку и за оние кои имаат само средно училиште.

Ако покаже вештини и знаење, секој работник кој ќе дојде во Германија и ќе најде работа, ќе може полесно да се досели.

Доселувањето оди преку луѓе, така што многу компании даваат и награди за оние работници кои ќе донесат работник.

Најважно на крај ќе биде познавањето на германски јазик, а годините не се важни ако се работи за дефицитарни професии.