Економија 26.04.2018 11:47

Германците видно разочарани!

Германците видно разочарани!

Расположението кај германските извозници овој месец се намали, според истражувањето на економскиот Институт од Минхен – „Ifo“.

Индексот кај извозните очекувања во производниот сектор падна на 15,6 поени во април, тоа е на ниво од мартовските 15,8 билансни поени, се наведува во соопштението на „Ifo“ институтот.

Според претпоставките тоа значи дека, извозот од Германија постепено се враќа на нормално ниво.

„По големиот позитивен тренд од минатиот месец, очекувањата за извоз во индустријата за текстил и облека значително се влошиja. Компаниите од металната индустрија исто така очекуваат паѓање на извозот, што е одраз на актуелните конфликти за увозните тарифи“, се констатира во соопштението.

Спротивно на тоа, поголемиот број производители на електрична опрема очекуваат напредок при нивните соработувања со странските држави.

Индексот на институтот „Ifo“ се заснова врз месечните извештаи спроведени меѓу 2.300 производни компании. Од компаниите се бара да ги наведат извозните очекувања за наредните 3 месеци, а можат да ги наведат како растечки, непроменети или опаѓачки.