Одлучувачкиот натпревар помеѓу Германија и Јужна Кореја, кој „панцирите“ го загубија, би можел германската економија да ја чини помеѓу 130 и 200 милиони евра, бидејќи се играше во период на работно време во Германија, јави медиумската група „Функе“.
„Ако секој втор вработен кој се наоѓа на своето работно место, во тој момент го гледа натпреварот и не остане подолго на работа за да го надокнади пропуштеното, тоа германската економија би ја чинело помеѓу 130 и 200 милиони евра“, јави „Функе“, повикувајќи се на истражување на Институтот за германската економија.
Сличен феномен веќе е воочен и на последните големи фудбалски натпреварувања.
Сепак, експертите истовремено го истакнуваат и аспектот на заедништво „Team building“, кој се создава за време на заедничкото слење на натпреварите, што повторно, според нив, може да создаде позитивни ефекти на продуктивност.