Економија 22.11.2018 13:20

Германскиот 4K Invest ќе изврши докапитализација на Adria Airways

Германскиот 4K Invest ќе изврши докапитализација на Adria Airways

Германскиот инвестициски фонд 4K Invest ќе изврши докапитализација на Adria Airways со четири милиони евра, Rtv Slo. 4K Invest, којшто е сопственик на Adria Airways, за првиот квартал од следната година, планира дополнителна капитализација на словенечкиот авиопревозник од најмалку 10 милиони евра.

Тие планираат оваа авиокомпанија во иднина да прерасне во една од најсилните авиокомпании за редовни авио линии и давање под закуп на воздухоплови со екипаж во Централна и Југоисточна Европа. 4K Invest во 2016 година стана мнозински сопственик на словенечкиот авиопревозник.

Најнови вести