Многу зборови, многу пароли, многу кажување и се останато но реалноста во Македонија е навистина прилично катастрофална. Јас не паметам во Македонија кога имало поголема разочараност. Не паметам кога имало во Македонија поголем револт. И не паметам кога од Македонија поголем број на луѓе активно сакале или барале да заминат, посочи Владимир Ѓорчев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната емисија „Топ тема“.
Ѓорчев додаде дека ако се видат бројките на иселување на нашите граѓани исклучиво од извештаите на „Евростат“, на ЕУ, тие се најголеми во историјата на Македонија.
-Ако некој ја уби и убиваше Македонија е СДСМ и Заев. Најголеми се последиците од оваа власт. Кога имаме влада каде што секој ден се слушаат скандали, а тие не се слушаат само во Македонија и во Скопје, туку низ цела Европа. Така што оние работи кои што ни ги гледаа меѓу редови и низ прсти сега веќе не поминуваат. Значи апсолутно оваа држава не е подготвена, Макрон вели – како да ги примиме тие земји, кога најголемиот број на азиланти ни доаѓаат од тие земји. Така што Макрон ли е виновен, затоа што имаме влада која што секој недела има скандали? Не е виновен Макрон. Макрон ли е виновен што имаме хаварија по општините низ цела Македонија? Илјадници случаи на непотизам, илјадници случаи на проблематични тендери, корупција која што е видлива. Значи во тој дел она сето што се констатира за Македонија, јас ќе го повторам уште еднаш, затоа што тоа се страшни оценки. Кога во рок од две недели имате ситуација каде што „Економист“ вели државата е во хибриден режим, тоа е заевизмот. Фондацијата за демократија во Вашингтон ќе рече – авторитарен режим, исто така заевимот. Кога имате држава која што е најзагадена „Euronews“ и Европска Агенција за животна средина. И земја која што е најкорумпирана во Европа, 40 места падната во однос на 2014/2015 година. Тогаш немате европски атрибути, нагласи Ѓорчев.
Ѓорчев образложи дека странците бараат фер и демократски избори, да имаме мирна транзиција на власта и да си замине Зоран Заев, велејќи дека Македонија да има нормална влада која што ќе работи на европска агенда.