Актуелно 14.12.2018 15:41

Ѓорчев: Наместо живот донесоа невиден егзодус во Република Македонија

Ѓорчев: Наместо живот донесоа невиден егзодус во Република Македонија

Оваа прес конференција ќе биде посветена на темата поврзана со иселувањето и егзодусот во Македонија, по повод секојдневните извештаи за падот на ученици во Македонија од општина по општина. Падот на новородени деца и зголемување на иселувањето. Ова би бил содржинскиот дел од оваа прес конференција. Наместо живот со Зоран Заев во Македонија дојде до егзодус и невидено, невидено до сега иселување, изјави на прес-конференција Владимир Ѓорчев член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:

„Се иселуваат луѓето од сите региони на Република Македонија, се иселуваат младите од Скопје, се иселува Источна Македонија, се иселуваат луѓето од Полог, Тетовско, Гостиварско, Липковско. Си заминуваат луѓето од Битолско, од Прилепско, од Охрид и Охридско. Ова е невиден, невиден егзодус.
Последица на штетните политики на Зоран Заев и на неговата Влада. Од Македонија секогаш имало иселување. Но ова што сега го гледаме како невидено иселување како егзодус. Како евакуација од Македонија на цели семејства до сега не сме го виделе никогаш. Од долгите векови на македонска историја.“

-Со тага и со тежина вчера беше објавена веста дека за само 10 месеци, внимавајте само од Нова година речиси денес од основните училишта во Штип и од средните училишта се отпишани 77 ученици. 77 отпишани ученици само од Штип. Жал и тага. Тоа значи дека од градот Штип од најголемиот центар од најголемиот град на Источна Македонија само од Нова година до сега, само откако ја поскапеа акцизата на дизелот Заев и Анѓушев заедно со Тевдовски се иселени околу 300 до 400 граѓани. Понатаму, ако го видиме бројот на отпишани ученици во Кочани, Кочани е помал град, само од Кочани од истиот дел од годината значи од почетокот на годината до сега се отпишани 20 ученици. Тоа не е толку голем град, значи во Кочани само од почетокот на годината отпишани се 20 ученици. Уште еднаш ако треба сето ова да го резимирам и да го заокружам би го кажал следново, наместо живот со Зоран Заев во Македонија дојде до невидено, невидено до сега иселување и егзодус, потенцираше Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека си заминуваат и се евакуираат цели семејства, дека си заминуваат младите од Скопје, се иселува Источна Македонија, бегаат луѓето од Полог, од Тетовско, од Гостиварско, од Липковско, од Дебарско, од Маврово – Ростуша, си одат луѓето од Струшко и од Охрид. Се испразнува и иселува Битола, Прилеп исто така, луѓето од Струмица си одат. Да не ги набројуваме сите градови.

-Штетните политики на Зоран Заев доведоа до тоа да Македонија се истенчува, да народот ни се топи, државата ни исчезнува. Македонија умира, паѓа бројот на новородени деца, имаме во 2018 година во три квартали најмал, најмало ако има статистика во Македонија, најмал број на родени бебиња. Страшни падови. Невидени падови. Наместо живот донесоа егзодус и невидено иселување. Жал и тага, заклучи Ѓорчев.