Актуелно 11.11.2018 13:31

Ѓорчев: Оваа година Македонија ќе има најслаб економски резултат во регионот и Европа

Ѓорчев: Оваа година Македонија ќе има најслаб економски резултат во регионот и Европа

На денешната собраниска седница за ребалансот на буџетот говореше пратеникот Влатко Ѓорчев кажа дека Македонија ќе има најслаб економски резултат во регионот и Европа. Тој исто така кажа  дека  проекцијата за растот на БДП Владата  го има промашено за 50 %. Пратеникот истакна дека од таканаречениот План на живот Владата нема остварено речиси ништо.

 

 

„Почитувани присутни оваа е најголемата лага која што Македонија ја видела изминативе 30 години.  Ова се еден куп лажни ветувања  кој што се дел од „План за живот “ во Македонија од кој што две букви нема реализирано. Ќе почнам со делот на економијата и сакам да кажам дека Македонија оваа 2018 година ќе има најмал економски раст во Европа односно раст од 1,8 %. Убедливо најслаб од 50 земји во Европа„. -објасни Ѓорчев.

 

Тој истакна дека во Планот на живот Владата ветувала дека Македонија ќе има  просечен економски раст најмалку од 5 % во периодот на нивното владеење и кажа дека скоро сите ветувања што ги има дадено Владата во Планот за живот ги нема реализирано. Исто така потсети дека министерот Тевдовски ветуваше раст на економијата од 3,2 % во 2018 година но секојдневно голем број на реномирани финансиски институции ја намалуваат  стапката на раст на 2,1 според  Европската Комисија и 1,6 % од страна на ММФ и Светска Банка што е за скоро 50 % помалку од проектираните 3,2 %.

Ѓорчев продолжи дека Владата тотално потфрлила и во делот на странските инвестиции и дека единствена инвестиција со која може да се пофали Владата е отворање на сендвичара  за пилешко месо .