Актуелно 18.01.2020 12:29

Ѓорѓиевски: Криминалот беше и остсана заштите знак на СДСМ

Ѓорѓиевски: Криминалот беше и остсана заштите знак на СДСМ

Криминалот е заштитен знак на СДСМ, а криминалците си помагаат едни на други, рече Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Лица поврзани со СДСМ осомничени за тежок криминал, наместо да се соочат со правдата, добиваат награди. Последниот пример е прераспределувањето на поранешниот началник на штипската полиција Љупчо Трајковски на позицијата советник во Бирото ја јавна безбедност. Да потсетиме за Љупчо Трајковски се води судски процес заради помагање при криумчарење на мигранти. Да биде апсурдот уште поголем новоназначениот советник Трајковски сега е дел од Бирото за јавна безбедност кое меѓу другото има надлежност и врз секторот за гранични работи, миграции и криминалистичка полиција. Со други зборови ова е како да се постави дилер  во одделот за недозволена трговија со наркотици . Замислете за советник во БЈБ е поставен човек кој, според обвинението наплаќал по 200 евра од возило со мигранти и ги известувал криумчарите на кои места биле полициските патроли. Класична злоупотреба на службената должност и срам за полицијата. Ова е кадровската политика на Заев, Спасовски и Славјанка Петровска. Полицијата наместо заштитник на граѓаните, се претвори во соучесник во криминалот. Какви совети ќе му дава осомничениот на директорот на БЈБ ? Дали со унапредување на Трајковски му се дава нова можност за криминал? Дали тој треба да остварува контакт со подземјето во пресрет на изборите во  корист на СДСМ и Зоран Заев лично? Праша Ѓорѓиевски.

Бараме Директорот на Бирото за јавна безбедност се откаже од услугите и да го разреши Трајковски од позицијата советник. Истовремено мора да има одговорност и за лицата кои не го санкционирале и дистанцирале од позициите во полицијата за да не влијае на доказите и сведоците во случајот кој што се води против него, додава тој.