Фалсификуван мед се продава на пазарот и социјалните мрежи. Охридските пчелари велат дека ваквата состојба е иницирана од трката за брз профит и намалените просечни приноси по пчелно семејство во последните години како резултат на климатските промени. Со оглед на тоа дека се нуди мед и по цена од 300 денари апелираат до граѓаните да внимаваат што купуваат бидејќи наместо оригинален мед се продава гликозен сируп.
Ако порано на патот Охрид – Кичево можеше да се сретне по некој „див“ продавач на мед, денес тоа е секојдневие. За жал, ваквата појава зема се поголем замав.
Пчеларите бараат од надлежните институции по зачестени контроли и поригорозни мерки и казни.
Инаку цената на медот е 600 денари, иако во некои делови од државата продажбата оди до 800 и 1 000 денари.