Актуелно 22.03.2019 18:47

Глуви и наглуви лица од цела држава бараат оставки од раководството на Здружението: Тоа се лица блиски до Заев и Царовска

Глуви и наглуви лица од цела држава бараат оставки од раководството на Здружението: Тоа се лица блиски до Заев и Царовска

Здруженијата на глуви и наглуви од повеќе градови ширум Македонија, денес се на протест во Скопје.

Тие го кренаа гласот против обидите на власта предводена од Зоран Заев, како и министерката Мила Царовска, да им стават претседател по свој вкус.

Имено, глувите и наглувите лица дојдоа на протест во Скопје барајќи оставки од раководството на Здружението, составено од лица блиски до Заев и Царовска.

Станува збор за претседателот Ибраим Таировски и поранешен претседател Васко Марков. Овие луѓе, како што можете да забележите на фотографиите подолу, повеќе се грижат за нивниот однос со претставници на власта, отколку за правата на глувите и наглувите лица во земјава.

Надлежните сакаат да наместат свој претседател на ова здружение кој ќе можат да го контролираат во работата.

Ова здружение доби упад од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која сака да стави свој човек на нивно чело.

Со ова Царовска практично сака директно да се вмеша во нивната работа и да може да ги замолчи при евентуално критикување на власта додека ги бараат своите права.

Заев и Царовска сакаат на чело на Здружението да бидат лица кои се блиски до нив, за да можат истите да ги контролираат.

Но, глувите и наглувите од Македонија денес директно побараа оставки од нив.

Глувите и наглувите лица станаа заложници на непотизмот и партиските вработувања кои оваа власт ги пропагира.