Економија 26.03.2021 18:11

Го прашале Бил Гејтс што би сторил со 2 долари- милијардерот дал неочекуван одговор

Го прашале Бил Гејтс што би сторил со 2 долари- милијардерот дал неочекуван одговор

Бил Гејтс како најбогат човек на планетата, но и еден од водечките светски филантропи, поминал доста време работејќи и помагајќи им на сиромашните во Африка, така да го знае најдобриот начин како да се живее со само два долари на ден.

Во текстот кој го објавил на сопствениот сајт, Гејст понудил некои „трикови“ со помош на кои и вие можете да живеете со само два долари дневно.

Бил Гејтс е најбогат човек на светот со дури 74,9 милијарди долари, што е богатство кое тешко можеме и да го замислиме. Иако има пари и повеќе од што може да потроши, Гејтс е човек кој се обидува да ни објасни како сите би можеле да живееме со два долари на ден.

Тој, како еден од водечките светски филантропи, поминал доста време работејќи и помагајќи им на сиромашните во Африка, така да го знае најдобриот начин како да живеете со само два долари.

Еве како го објаснува тоа:

„Тоа е она што јас би го работел – би одгледувал пилиња“- порачува Гејтс, а потоа ја објаснил својата одлука. Пред се за нив е лесно и евтино да се грижите, објаснува Гејтс, а можат да помогнат и во одржување на здравјето на децата бидејќи се непроценлив извор на храна. Јајцата можат да помогнат во борба против неуранетост, но тука е можноста и да се изведат јајца, да се продаваат пилиња , и потоа со тие пари да се купува храна. И на крај, пилињата се добра инвестиција, и Бил Гејтс овде се обидува да ни докаже дека е еден од најдобрите претприемачи на светот.

„Да претпоставиме дека фармерот почнува со пет кокошки. Еден од соседите има петел кој може да помогне да се добијат јајца од кокошките. После три месеци, фармерот може да има дури 40 пилиња. И на крај, продажна цена од пет долари по пиле, што е типично во западна Африка, може да доведе до заработка од преку 1 000 долари годишно“, објаснува Гејтс.