Живот 11.01.2019 17:36

Го продал бубрегот за да купи телефон, па останал неподвижен (ФОТО)

Го продал бубрегот за да купи телефон, па останал неподвижен (ФОТО)

Ванг (25) бубргот го отстранил во нелегална клиника, а потоа го продал за 22.000 јуани, или околу 2.800 евра, во 2011 година, кога имал само 17 години.

Толку очајно сакал да купи iPhone и iPad за да им покаже на соучениците дека е во тренд, но родителите не можеле да му го дозволат тоа.

Интересно, Ванг добил само 10 проценти од вкупната цена за која бубрегот бил продаден на црниот пазар, а најмногу корист имале посредниците.

Ситуацијата најмногу ја загрижила неговата мајка, која не можела да разбере од каде нејзиниот син имал пари за уредите што ги купил, па затоа ја повикала полицијата.

Неговата состојба набргу се влошила, а посредниците (осудени на 3 до 5 години затвор) и лекарите (3 години подоцна) кои ја извршиле операцијата биле уапсени.

Фамилијата Ванг добила отштета од 1.47 милиони јуани, или околу 190.000 евра.

Сепак, неговата состојба се влоши до ден-денес, и тој мора да го помине целиот ден во кревет поради тешкотии во движењето.