Мозаик 29.05.2018 18:24

Го знаете ли правилото за 10% заштеда?

Го знаете ли правилото за 10% заштеда?

Според правилото на 10% заштеда вие треба да одделувате по околу 10% од вашата заработка доколку сакате да имате одредена заштеда при пензионирање. Доколку сакате да почнете да штедите, а немате идеја како да го изведете тоа и колкава сума да одделувате тогаш ова правило може да биде одлична почетка точка по која што ќе се раководите.

Во реалноста, колку повеќе заработувате и колку подоцна започнете со штедење толку повеќе треба да штедите. Доколку започнете во вашите 20ти и константно заштедувате по 10% од сите приходи кои ќе ги заработите тогаш правилото на 10% заштеда сигурно ќе функционира. Но, колку луѓе во своите 20ти размислуваат на штедење и го практикуваат тоа?

Повеќето луѓе почнуваат сериозно да размислуваат на штедење во своите 40ти-50ти години бидејќи сметаат дека времето за пензионирање веќе се наближува. Доколку се пронајдете во оваа ситуација, а вашата кариера е во добра позиција и заработувате доволно тогаш доколку заштедувате по 10% од истата веројатно нема да ви биде доволно. Но сепак, било која сума која што ќе ја заштедите е подобро од ништо.

Зошто правилото на 10% заштеда не функционира кај сите?

Секој од нас има различна финансиска ситуација, брачен статус или кариера и речиси е невозможно ова едно правило на 10% да одговара на секоја ситуација. Доколку навистина заработувате повисока сума на пари тогаш вие ќе треба да заштедите повеќе од 10% од вашите приходи со цел да го задржите вашиот начин на живот и после пензионирањето. Или доколку не сте подготвени на тоа, вашата алтернатива би била да ги намалите очекувањата за после пензионирањето и да се задоволите со помала куќа, поевтин автомобил и слично.

Што доколку не можете да да штедите по 10% од вашата заработка?

Немојте да се обесхрабрувате и да се откажувате. Разгледајте ја ситуацијата и поставете си цел која сакате да ја исполните. Доколку се опоравувате од некој немил настан кој ви се случил ќе биде потребно време за да ги доведете финансиите во ред, бидете трпеливи.

Дали 10% од заработката може да биде многу висока сума?

10% од вашата заработка треба да е совршено доволна сума за вашата заштеда. Факт е дека некои луѓе штедат премногу. Под премногу се подразбира да имаат повеќе од доволно средства после пензионирањето за да можат да продолжат со истиот начин на живот, дури и подобар од оној кој го имале и претходно без никакви грижи. Луѓето кои се наоѓаат во оваа ситуација и продолжуваат дополнително да штедат секоја година може да се рече дека штедат повеќе од потребното. Така, исто како што е тешко некои луѓе да се натераат да штедат повеќе овие луѓе е тешко да се натераат да потрошат повеќе и да си дозволат одредени задоволства во животот.

Најнови вести