Живот 30.04.2018 11:49

Годишно собрание на Националната федерација на фармери

Годишно собрание на Националната федерација на фармери

Националната федерација на фармери денеска со почеток во 11 часот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје (амфитеатар 40) ќе одржи Редовна седница на Годишно Собрание, каде што ќе се разгледуваат и усвојуваат активностите кои следуваат за тековната година и стратешкиот план на организацијата.

Во официјалниот дел со свој говор на Собранието ќе се обрати Васка Мојсовска, претседател на НФФ , ќе бидат презентирани проекти кои реализираат активности во насока на развојот на земјоделството и потпишување на Меморандум за соработка со Европското движење на РМ.