Мозаик 21.08.2018 13:54

Google лансира нов паметен уред

Google лансира нов паметен уред

„Google“ ќе претстави нов уред кој ќе предизвика интерес кај луѓето кои се возбудени од страна на т.н. „паметни куќи“. Ова ќе се случи до крајот на оваа година. Гласините се шират од страна на Nikkei Asian Review, информира „androidpolice.com“.

Според новите информации, новиот уред ќе биде поддржан од „Google Assistant“ и ќе и овозможи на корпорацијата подобро да се натпреварува со „Amazon“.

Станува збор за паметен дисплеј со „Assistant“. Новиот производ ќе се натпреварува со „Amazon Echo Show“ и ќе биде достапен за зимските празници. Дополнителната опрема ќе дебитира под брендот на „Google Home“, но точното име е се уште тајна.

Неговите карактеристики нема да се разликуваат од сличните производи, како што е „Lenovo Smart Display“.

„Google“ планира да продаде 3 милиони од овие уреди. Засега „Amazon“ успеа да продаде само 315.000 примероци од „Echo Show“.

Ако гласините се сигурни, новиот „Google Home“ уред ќе биде објавен во октомври.