Во јавноста неодамна излезе извештајот за извршување на буџетот заклучно со месец јуни од Министерството за финансии во кој реализацијата на капиталните инвестиции изнесува едвај очајни 20%.
Имено, голем дел од експертската јавност укажуваше на лошата работа на владата во делот на економијата од кога го почна мандатот но еве веќе трета година по ред поразителните економски индикатори го покажуваат она од што стравуваа и економистите а тоа е дека владата воопшто нема концепт за водење на економијата ниту пак има идеа и визија како да го зголеми економскиот раст на земјата и да го подигне стандардот на живеење кој толку наголемо го ветуваше пред изборите.
И не само експертската јавност туку и новинарската фела почна да фаќа сеир на изјавите на владата дека 2019 година ќе биде економска година и како што ветуваше премиерот и вице – премиерот Кочо Анѓушев задолжен за економскиот тим ќе има инфраструктурен и инвестициски бум.
Така новинарот Теменугов на својот фејсбук профил напиша ироничен статус во кој вели дека да не беше економска годината ќе требало во промили да се пресметуваат капиталните инвестиции мислејќи на катастрофалниот процент од едвај 20% реализација на капитални трошоци за првата половина од годината.

Во својот статус тој исто така ја спомнува метлата на премиерот кој според него го зафати само моментално екс министерот за финансии Тевдовски кој и ги одобруваше огромните задолжувања кои пак се секојдневие и нормална работа за владата со јавен долг над 50 % додека кога беше во опозиција владата на големо ги критикуваше задолжувањата и зголемувањето на јавниот долг.
Неспособноста и некадарноста на ова влада е критикувана од секој кој и најмалку ги познава економските параметри но очигледно само владата е уверена и остана осамена во своите тврдења дека прави добра работа и дека земјата оди напред во економска смисла.
Темегунов на крај во својот статус кажа дека метлата ги зафати сите освен оние најнеспособните и најнекадарните што не се ни воопшто во состојба да ги потрошат 400 милиони евра поради безидејноста и немањето на визија.