Актуелно 15.08.2019 13:45

Градежништвото тоне- Издадени помалку одобренија за градба во споредба со минатата година

Градежништвото тоне- Издадени помалку одобренија за градба во споредба со минатата година

Според државниот завод за статистика  во јуни 2019 година се издадени 202 одобренија за градење, што е за 1.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Имено, експертите алармираа на намалена активност во градежништвото токму поради последните податоци на Министерството за финансии каде капиталните трошоци заклучно со јуни изнесуваат очајни 20,33 %.

Инаку, градежништвото е една од носечките гранки во македонската економија што значи  дека  неговиот пад ќе, резултира и  со пад во целокупната економија и мал раст на бруто домашниот производ.

 

Владата лани ветуваше дека 2019 година ќе биде економска година и дека ќе има инвестициски и инфраструктурен  бум но податоците го покажуваат сосема спротивното.