Актуелно 20.09.2024 09:01

Граѓаните скептични, ќе има ли пониски цени на производите со ограничување на маржата?

Граѓаните скептични, ќе има ли пониски цени на производите со ограничување на маржата?

Граѓаните скептични на последната владина мерка за ограничување на маржите на производите. Дел од нив сметаат дека треба да има мерка за замрзнување на цените, се друго според нив е манипулација со народот.

„Како и до сега, нема ништо подобро, што ќе биде, тоа е. “

„Потребни се замрзнување на цените и рапидно назад на цените за да ма живот, инаку се е играчка и измама.“

„Ништо нема да поевтини, се е тоа мајтап играње, ни ќе ги поефтинат ни ќе ја симнат цената.“

Марија Лончар од организацијата на потрошувачи вели дека не се сигури дека дека ќе се сличи ограничивањето на маржите. Но, како што вели ова е чекор напред и организацијата сегоаш била за намалувањето на маржите особено сега во ова енормо покажување на цените.

„Кога стварно како потрошувачи сме затечени и ја намалуваме нашата домашна потрошувачка, со цел нешто да се ушпара, што фактички цело време влијае на економијата на државата. Сметаме дека тоа е корисно и дека е еден чекор напред иако сметаме дека тоа е крајтотрајна мерка треба подолги такви мерки да се превземаат. – изјави Марија Лончар од Организацијата на потрошувачи.

Досега за сезонските потрошувачки кошници со свој став не излегоа ниту Стопанските комори ниту пак некое бизнис здружение.

Од организацијата за потрошувачи велат дека треба итно да се донесе законот против нефер трговски практики кој предивуда ограничување на маржите на над 2,500 производи. А да не се импровизира со намалување на само 100 произоди.

Месо, млеко, пекарски и конзервирани производи се само дел од основните 100тина артикли кои ќе ги содржи есенската потрошувачка кошница.Конечната листа ќе се знае во вторник кога е најавено мерката да се усвои на владина седница. Мерката ќе трае еден месец а маржата на производите ќе се ограничи на 10 проценти.