Економија 19.10.2018 14:32

Граѓаните ќе почекаат: Блокирано намалувањето на тарифите за извршителите

Граѓаните ќе почекаат: Блокирано намалувањето на тарифите за извршителите

Граѓаните ќе почекаат за намалувањето на тарифите од извршителите и нотарите затоа што ќе се чека и измените на Законот за извршување и Законот за нотаријат да се изгласаат во Собранието. Со оглед на тоа што Владата ги поднесе измените во Собранието на 8 октомври, а моментно во Парламентот е актуелно гласањето за уставните измени, па и можни избори, не се знае кога тие ќе дојдат на дневен ред.

Инаку според предложените измени, со измената на законот треба да се намалат трошоците во постапките пред нотари и извршители и тоа за најсиромашните граѓани кои не можат да си ги плаќаат сметките за комуналните трошоци и кои земаат мали потрошувачки кредити до 1.000 евра.

Пред речиси еден месец премиерот Зоран Заев најави дека со измените ќе се намалат трошоците за над 90 отсто од извршителските случаи и додаде дека очекува во октомври законите да влезат во собраниска процедура.

– Трошоците кои ги плаќаат граѓаните мора да бидат намалени и разумни, а не големи и енормни. Во постапките пред нотарите граѓаните кои имаат долгови за комунални трошоци ќе бидат ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност, а нотарската награда ќе биде 10 отсто од главниот долг, но не повеќе од 500 денари, рече Заев.

Целиот текст во кој има и детали како извршителите ги продаваат становите овде.

Извор: Фактор