Актуелно 15.01.2019 13:10

Месечна за ЈСП е 1.500 денари, а граѓаните се возат со автобуси кои имаат гуми пред распаѓање

Месечна за ЈСП е 1.500 денари, а граѓаните се возат со автобуси кои имаат гуми пред распаѓање

Граѓаните на Град Скопје повеќе од година дена мака мачат со градскиот превоз. Секојдневно доцнење на автобус кој оди на редовна линија за 15-тина минути го чекаат дури и по 40-тина минути. Недостиг на автобуси, ставање во возен ред автобуси кои се употребувале пред 15-тина години кои исто така се еден од причинители за загадување на воздухот.

Денеска еден револтиран граѓанин ги сликаше гумите на еден од градските автобуси и запраша дали затоа плаќаат по 1.500 денари месечно, за да на ова време се возат со автобус кој поседува гуми пред распаѓање.

По реакцијата од револтираниот граѓанин и по добиените слики најдовме информација од јавните набавки додека ЈСП набавува половни гуми кои треба да не бидат постари од 52 седмици.

Со ова се поставува прашање дали ЈСП навистина има набавено половни гуми, бидејќи овие од фотографијата што ги има доставено револтираниот граѓанин се гледа дека се пред распаѓање?

Како е можно ЈСП да дозволи градските автобуси да се сообраќаат во овој период од време со гуми пред распаѓање бидејќи така се доведува до прашање и безбедноста на самите граѓани кои месечно плаќаат по 1.500 денари за месечна карта или пак за еден билет ако плаќаат од мобилен чини 40 денари.