Полицискиот билтен е преполн со известувања за граѓани кои биле нападнати и претепани.
Оправдано, македонските граѓани се чувствуваат несигурно и небезбедно.
КУРИР ви пренесува делови од полицискиот билтен:
На 10.02.2019 година во 02,50 часот било пријавено дека во Македонски Брод во диско клуб Ј.Р.(22) и А.Л.(26) и двајцата од Македонски Брод го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 10.02.2019 година во 02,50 часот било пријавено дека во Свети Николе пред ноќен бар лоциран на плоштад „Илинден“ Д.Д.(20) од с.Пчиња – кумановско физички го нападнал С.Ѓ.(18) од с.Немањици – Свети Николе. Сочинет записник за сторен прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.
На 10.02.2019 година во 05,20 часот во Полициската станица Гостивар Р.Ф.(23) од Гостивар, пријавил дека на улицата “Илинденска“ физички бил нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот
На 10.02.2019 година во 03,30 часот во СВР-Скопје Ф.Ј.К.(27) од Скопје пријавил дека околу 02,20 часот во ноќен клуб на улицата „Димитрије Чуповски“ додека биле со А.П.(23) и М.Д.(28) по претходно недоразбирање физички биле нападнати од две лица.
На 09.02.2019 година во 17,10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека истиот ден околу 16,10 часот на улицата “Бит Пазарска“ во близина на слаткарница Ф.Ѓ.(20) и С.Ѓ.(24) и двајцата од с. Црник-Пехчево физички биле нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.02.2019 година во 14,45 часот во СВР-Скопје С.Н.(19) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12,30 часот на булеварот “Јане Сандански“ физички ја нападнало едно лице. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 09.02.2019 година во 10,45 часот во СВР-Скопје С.Ј.(52) од Куманово, пријавил дека истиот ден околу 09,30 часот на крстосницата од булеварот “Словенија“ со булеварот “Јадранска магистрала“ бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 10.02.2019 година во 04,40 часот во Полициската станица Прилеп Т.Ф.(33) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 02,30 часот во ноќен клуб бил физички нападнат од едно лице.
На 09.02.2019 година во 20,20 часот во Полициската станица Прилеп Т.П.(38) од Прилеп пријавила дека истиот ден околу 17 часот додека била на нејзиното работно место во продавницата за авто гуми и железарија лоцирана на улицата „Орде Чопела“ била физички нападната од Б.Х.(34) од Прилеп.