Актуелно 13.02.2019 13:25

Граѓаните сами ќе си плаќаат за новите регистарски таблички со ознаката „NMK“?

Граѓаните сами ќе си плаќаат за новите регистарски таблички со ознаката „NMK“?

Почнува примената на Република Северна Македонија во сите институции. За најмногу четири месеци Министерството за внатрешни работи треба да почне да издава нови регистарски таблички за возилата со ознака NMK.

Во меѓувреме, како преодно решение, МВР ќе треба обезбеди налепници со ознака NMK за табличките.

Засега нема информација на чиј трошок ќе биде замената на табличките, дали граѓаните ќе треба да си ги плаќаат сами или трошокот ќе го покрие државата.

Во интервју за Топ тема на телевизијата Телма, заменик министерот за надворешни работи, Андреја Жерновски рече дека Владата се уште нема донесено одлука за тоа кој ќе ги покрие трошоците.