Актуелно 28.01.2019 13:13

Граѓаните се гушат во загаден воздух, власта не презема никакви мерки

Граѓаните се гушат во загаден воздух, власта не презема никакви мерки

Граѓаните на Република Македонија овие неколку месеци алармираат дека се гушат, воздухот е енормно загаден, а власта не презема мерки.

Концентрацијата на ПМ10 честички во воздухот измерена во 10 часот во Струмица е 283 mg/m3, во Карпош 254 mg/m3, Миладиновци 228 mg/m3.

Во Тетово концентрацијата на ПМ10 честички изнесуваат неверојатни 212 mg/m3, во Општина Центар се движи околу 205 mg/m3.

Да потсетиме сабајлево Скопје се искачи на врвот на листата на индексот за квалитет на воздухот како најзагаден град во светот. Со над 200 ПМ 2,5 mg/m3 честици на метар кубен, Скопје ги надмина по загаденост градовите во Пакистан, Индија и Кина.

На страната на „Ер вижуал“ метрополата на Македонија ја носи квалификација „многу нездраво“.Најголема загаденост е регистрирана после полноќ, кога нивото на ПМ честиците се искачило над 300 mg/m3. Најзагадени населени места утринава во Скопје се Карпош, Центар и Ректорат.

Најнови вести