Актуелно 17.09.2018 10:13

Граѓаните се поретко подготвуваат зимница

Граѓаните се поретко подготвуваат зимница

Почна сезоната на подготовка на зимници и слатко, но пазарите се полупразни. Граѓаните велат, цените на зеленчукот и овошјето се високи до толку што наспроти традицијата, одлучиле со ајвар и туршија да се снабдат од продавница.

И продавачите признаваат дека цените се нешто повисоки годинава. Но, вината не ја гледаат кај себе туку поради пониското производство. И покрај се, се надеваат дека се што донеле на тезга, на крај и ќе го продадат.

Ние секогаш сме подготвени, но работата е слаба. Сето тоа зависи од луѓето колку имаат можност да купуваат. Цените ќе бидат повисоки оваа сезона, бидејќи нема доволно производство“, вели еден продавач.

Грубите пресметки велат дека за да направите околу десет тегли ајвар, треба да купите најмалку 50 кг пиперки, кои годинава ќе ве чинат 1500 денари. Покрај трошоците за другите состојки, потребна е и електрична енергија или дрва, како и работна сила. Ако се земе во предвид и дека просечно семејство подготвува и друг вид на зимници, крајната сметка е најмалку 100 евра.