ТТК Банка АД Скопје повторно ќе посредува при купување на Граѓанската обврзница издадена од Министерството за финансии на аукцијата која ќе се одржи на 7.11.2023 година.
За истата граѓаните во земјата ќе може да аплицираат преку деловната мрежа на ТТК Банка АД Скопје до 6.11.2023 година, до крајот на работниот ден.
Граѓанската обврзница е финансиски инструмент со рочност од две години, има купонска каматна стапка од 5,00%, која се исплаќа секоја година на вложениот износ, а по истекот на рокот се враќа и вложената главнина.
Постапката за купување на граѓанска обврзница започнува со поднесување на барање во сите филијали и експозитури на Банката и потпишување на Договор за купување државни хартии од вредност од страна на клиентот – физичко лице.
Потребно е клиентот да поседува платежна сметка во Банката и уредно да ја пополни документацијата наведена во Барањето.
Проспект на Министерство за финансии за граѓанската обврзница