Актуелно 09.01.2019 23:50

Грчки Хеленик петролеум од Македонската влада бара оштета од 32 милиони евра

Грчки Хеленик петролеум од Македонската влада бара оштета од 32 милиони евра

Грчки Хеленик Петролеум отвори спор со македонската влада и бара отшета од 32 милиони долари поради непочитување на купопродажниот договор за рафинеријата Окта. Од македонската влада најавуваат дека преку преговори ќе се обидат да ја намалат сумата што Хленик Петролеум ја бара.

„Се однесува на периодот од 2008 заклучно со крајот на 2011, а тоа е последната година кога рафинеријата работи како рафинерија и по таа година не работи како рафинерија. Ова истекува во мај 2019 и не би можеле да очекуваме нова туку ова ќе биде последна ваква постапка.“ – вели Миле Бошњаковски, портпарол на Влада на РМ.

И од Грчки Хеленик Петролеум потврдуваат дека нова тужба нема да има. Сепак, ова е втора тужба. Македонија еднаш веќе изгуби арбитражен спор кој се однесувал за периодот до 2007 година.

„Била донесена пресуда на наша штета како држава и во 2007 сме требале да платиме 80 милиони долари, но по порамнувањето сме платиле милиони долари..“ – вели Бошњаковски.

Во двата спора, проблемот е што според купопродажниот договор за Окта, склучен во 1999 година, Македонија од рафинеријата требало да купува 500 илјади тони мазут годишно, во период од 20 години, но ова не е испочитувано. Договорот пак истекува во мај годинава.