Економија 18.12.2023 10:12

Грчкиот електропреносен систем АПТО планира аквизиции во Македонија, Црна Гора и Србија

Грчкиот електропреносен систем АПТО планира аквизиции во Македонија, Црна Гора и Србија

Грчкиот државен оператор на електропреносниот систем АПТО има намера да го прошири своето присуство на Балканот и во поширокиот регион на Југоисточна Европа. Претседателот и извршен директор Манос Манусакис неодамна на Форумот ОТ изјави дека веќе се водат преговори за АПТО, да купи акции во оператори на преносни системи – ОЕПО од соседните земји, пишува Балкан Грин Енерџи Њус, пренесува То Вима.

Договорот од Преспа меѓу Грција и Македонија од 2018 година е основа за потенцијален влез на грчките компании, а можноста за приклучување на земјите од Западен Балкан во Европската унија, исто така, отвора нови можности. Манусакис ветува взаемна корист за секој оператор кој сака да соработува, со тврдење дека АПТО има голема капитална база и здрави финансии кои можат да обезбедат поддршка во енергетската транзиција и инвестиции во мрежата и интерконекции во регионот.

Од земјите во чии ОЕПС би купувала акции компанијата што тој ги предводи, тој ги издвои Македонија, Србија и Црна Гора. Веќе се водеа преговори меѓу АПТО и северномакедонскиот оператор МЕПСО, но владата во Скопје не е подготвена да продаде дел од својот ОЕПС на странски инвеститори. Тоа е стратешка компанија која може до одреден степен да влијае на безбедноста на државата, затоа треба да остане под контрола на владата, изјави претходно министерот за економија Крешник Бектеши. Во јуни, АПТО постигна договор да го води проектот ЕуроАзија Интерконектор за подводна енергетска врска од два гигавати меѓу Грција, Кипар и Израел.

()