Граѓаните речиси секојдневно се изненадени со нови цени на маркетите и пазарите. Сите молчат! Универзитетскиот професор Томе Неновски објаснува како поскапуваат различните производи. Според него, намалувањето на работната сила доведе до зголемување на платите во приватниот сектор. Недостигот на суровини, доцнењето на преработените производи предизвикаа зголемените трошоци на компаниите да се рефлектираат и во зголемувањето на цените кон крајниот потрошувач. Тој рече дека и трговците манипулираат со цените во отсуство на Влада и неспроведување на соодветните закони.
Инфлацијата во мај е зголемена за 4,5% во однос на истиот месец лани. Во меѓувреме, цените на мало во истиот период се зголемени за 5,8%. Споредено со април, инфлацијата во мај е повисока за 0,9 отсто, а цените на мало се зголемени за 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.
„Во споредбениот период мај годинава и ај лани, најголем пораст на цените е забележан кај услугите и земјоделските производи. Од друга страна, прехранбените производи бележат пораст од 5,3%, а индустриските производи за 4,7%. Зголемувањето на инфлацијата во мај во однос на април е резултат на растот на трошоците за живот во секторите ресторани, хотели, култура, рекреација“, велат од Државен завод за статистика.
Експертите велат дека цените треба да се намалат имајќи го предвид драстичното намалување на суровините на светската берза, но и намалувањето на цените на енергијата и горивата. Впрочем, од олноќ нафтата ќе се продава поевтино за 1,5 денар за литар. Според Регулаторната комисија за енергетика, падот на малопродажните цени на нафтените деривати е во просек за 1,17%. Од РКЕ соопштија дека цените на нафтените деривати на светскиот пазар во однос на претходната пресметка бележат просечно намалување: кај бензините за 0,37%, кај дизелот за 3,69%, кај екстра лесното масло за 4,09% и на мазутот намалувањето изнесува 2,3 %. Овие намалувања се очекува да влијаат и на другите цени.