Избегнувајте ги овие пет грешки со цел да не му наштетите на вашиот претпримачки проект.
1. Непочитување на деловниот план
Ако во работењето се потпирате само на инстинктот наместо и на деловниот план, ќе западнете во невоља. Планот ви овозможува да се фокусирате на насоката во која тргнала вашата компанија и зошто… и колку на тој пат сте успешни.
2. Непознавање на пазарот
Промените во желбите на вашите клиенти како и производите на конкурентите можат да ве сместат на последно место во колоната – освен ако навистина не ги запознаете своите деловни партнери и нивните сегашни и идни желби.
3. Работите се сами
Можеби вие сте клучното лице за се, но не можете се да работите сами. И умерениот почетен успех може да ве преоптерети ако не вработите луѓе и не ги распределите должностите.
4. Занемарување на вработените
Успешното управување и мотивирање на вработените е еден од најголемите предизвици. Поголемиот број на вработени значи и повеќе човекови проблеми. Ако не се решат, тие проблеми можат да ја намалат продуктивноста, но и приходите.
5. Занемарување на бројки
Како претприемач основната цел ви е да остварите добивка. Во секој момент треба да знаете во каква ситуација сте, како и да имате прецизен и практичен состав за следење и анализа на клучните податоци.
Освежувајте го своето знаење и научете нови вештини кои ќе го зајакнат вашиот бизнис подоцна.