Актуелно 15.02.2019 12:53

Грипот во земјава зема се поголем замав, Филипче не признава

Грипот во земјава зема се поголем замав, Филипче не признава

Во текот на оваа недела, регистрирани се 2 смртни случаи асоцирани со грип. Се работи за лица на возраст од 5 и 25 години од Скопје и Охрид кои биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести – Скопје и КАРИЛ. Кај починатите лица утврдено е присуство на коморбидитети.

Министерството за здравство информира дека е намален бројот на заболени лица од сезонски груп, во однос на овој период минатата година.

Сепак според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје според пресметките до сега има заболено 6.371 лица, што е загрижувачка бројка. Но уште позагрижувачко е што граѓаните и вработените од клиниките тврдат дека нема доволно количина на „тамифлу“.

Пациенти болни од грип се жалат дека не добиле терапија со „тамифлу“, која се дава во првите 48 часа од инфекцијата со вирусот, бидејќи лекот го нема. Тие велат дека лекарите им кажале дека „тамифлу“ не само што нема во болниците, туку дека тешко се наоѓа и во аптеките.