Актуелно 12.02.2024 08:37

Груевски: Етничките Албанци вработени во Кратово, Крива Паланка, Берово, Демир Капија не мора да работат таму

Груевски: Етничките Албанци вработени во Кратово, Крива Паланка, Берово, Демир Капија не мора да работат таму

На веб-страницата на „Национални шуми“ се објавени прелиминарните 400-тини вработувања од огласот што беше објавен пред крајот на минатата година, а беше одбележан со тоа што се бараа етнички Албанци во доминантно македонски средини како Крива Паланка, Берово, Демир Капија.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека тројца дрвосечачи од албанска национална припадност се се нашле на списокот за нововработени во подрачната единица во Кратово.

Валентин Груевски, директорот на Национални шуми, денеска изјави дека дополнително ќесе одлучува каде тие ќе бидат распределени.

„Ова се првични резултати, немаат потпишано договор. Тоа се прелиминарни одлуки, мислам кандидатите конкурирале на тие работни места, ги исполнуиваат условите и наредните денови ќе ги склучиме договорите и ќе видиме каде ќе работат“, рече тој во вестите на Сител.

Груевски додаде дека тие не мора да работат во Кратово откако ќе бидат примени на новото работно место, туку дека ќе може да работат и во местото каде што живеат.

Од 400-тини нововработени, 230 се етнички Албанци. ()