Актуелно 18.04.2018 10:29

Груевски: СДСМ во период на европски раст со „нула“ % раст, ВМРО – ДПМНЕ во светска криза имаше 5% раст!

Неработењето и неспособноста на СДСМ најмногу доаѓаат до израз кога ќе се споредат со ВМРО-ДПМНЕ и нашите резултати, пишува почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на социјалната мрежа фејсбук.

Груевски: СДСМ во период на европски раст со „нула“ % раст, ВМРО – ДПМНЕ во светска криза имаше 5% раст!

 Неработењето и неспособноста на СДСМ најмногу доаѓаат до израз кога ќе се споредат со ВМРО-ДПМНЕ и нашите резултати, пишува почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на социјалната мрежа фејсбук.

– Интересно е во овие 27 години независност на Македонија, годините на светски и европски раст на економијата најчесто се поклопуваше со владеењето на СДСМ и нивните мандати и обратно, ВМРО-ДПМНЕ ја имаше таа несреќа и истовремено чест, да ја води Македонија во кризни економски години во светот или Европа. Тоа беше среќна околност за Македонија. Еве на пример сега. Светската економија расте. Европската економија силно расте. Но, колку треба да имаш промашени економски политики, да секогаш кога светската или европската економија растат, Македонија да е на дното по економски раст. И колку треба умешност и знаење, кога светската и европската економија опаѓаат и кризираат, Македонија да е на самиот врв по висината на економскиот раст во Европа. Сега БДП или поедноставно кажано, економијата во земјите во Европа расте во многу земји и по 4, по 5 па и повеќе проценти, а ние кризираме околу нулата и сме во групата на три земји со најнизок раст, се вели во статусот на екс премиерот.

 – Во 2007мата го достигнавме највисокиот раст што било кога македонската економија го имала, раст од 6,1 процент. Во 2008ма, кога во втората половина на годината веќе започна светската финансиска криза, втора најголема на сите времиња после онаа од 1929та, ние “испливавме„ со раст од 5 проценти. Се до длабокото влегување во политичката криза создадена од СДСМ во 2015тата, не само што редовно Светската Банка не вбројуваше меѓу топ реформаторите во светот постојано растејќи на ранг листата на Дуинг бизнис, ние редовно бевме помеѓу првите 2-3 земји со највисок економски раст во Европа.- А сега сме на дното и се занимаваме со незаконско носење на неуставни закони за употреба на јазиците, невешто и недостоинствен начин за изнаоѓање на решение за името и со зголемување на даноците. Штета, се вели во статусот на Груевски.