Иуте групацијата со седиште во Талин-Естонија, водечка европска групација за лични финансии, неодамна од Иутекредит се ребрендираше во Иуте, посочувајќи дека отсега па натаму обемот на работа и услуги на пазарот оди надвор од рамките на кредитирање и ќе вклучува услуги за плаќање, банкарство и осигурување.
Сето ова би значело голем исчекор и амбициозни идни планови и за Иуте Македонија, како дел од групацијата.
Иуте, која оваа година одбележа 15 години од своето постоење, изминатата недела ги објави неревидираните резултатите од првото шестмесечие за тековната година.
Групацијата продолжувa со стабилниот раст во првата половина на 2023, фокусирајќи се на квалитет, дигитализација и прогрес.
Со остварени вкупни приходи во износ од 52 милиони евра, Иуте е на одличен пат до крајот на годината да достигне бројка од 100 милиони евра. Вкупната нето добивка од 7 милиони евра е повеќе од силен показател и отворен пат за постигнување на таргетот од 12 милиони евра за крајот на годината.
“Бизнис резултатите се подобри од она што го поставивме како бројка и очекување, и тоа имајќи ја во предвид целокупната макро-економска состојба и пазарни предизвици. Растењето како мултинационална финтек компанија е процес што бара многу време, посветеност и трпение, но од друга страна е исклучително вреден кога ќе ги сумирате резултатите. Актуелната година продолжи да нѝ сервира многу предизвици, но и многу успеси на кои сме исклучително горди” – Тармо Силд, Главен Извршен Директор на Иуте.
Подолу следи сумирање на групациските достигнувања, а целиот извештај е достапен тука.
Стратегиски резултати на групациско ниво
Бројот на активни корисници достигна бројка од 298 илјади. (12.2022: 293 илјади)
Вкупниот број на корисници порасна за 4,5%, броејќи 970 илјади (12.2022: 928 илјади)
Консолидираниот биланс на успех на групата се зголеми за 8.1% изнесувајќи 348,5 милиони евра, а капиталот се зголеми за 16.9%, односно 65,6 милиони евра на 30 јуни 2023 година.
MyIute апликацијата достигна бројка од 619 илјади симнувања (12.2022:477 илјади симнувања), што е одличен показател за нејзината прифатеност, нивото на дигитална писменост кај корисниците, безбедност и едноставноста на нејзиното користење
Како најголем исчекор во поглед на еволуција во wallet бизнисот е почетокот со деловни активности на институцијата за електронски пари Иуте Пеј (IutePay) во Албанија, овозможувајќи го моделот на плаќања што досега се спроведуваа преку QR код, да се реализира преку апликацијата MyIute, на многу полесен и поефикасен начин.
Оперативни резултати на групациско ниво
Процентот на исплата на кредити порасна на 12.3%, односно 133.8 милиони евра (6/2022: 119,1 милиони евра)
Бројот на потпишани кредити во споредба со минатата година останува стабилен и на исто ниво (6/2022: 169 илјади).
Бруто портфолиото на кредити порасна за 7.3% изнесувајќи 231,3 милиони евра (31.12.2022: 215,5 милиони евра)
Нето портфолиото на кредити порасна за 7.3% изнесувајќи 208,0 милиони евра (31.12.2022, 193,9 милиони евра).
Финансиски резултати на групациско ниво
Приходите од камати и провизии се зголемија за 33%, изнесувајќи 46 милиони евра (6/2022: 34,6 милиони евра)
Нето приходите од камати и провизии пораснаа за 30.1% изнесувајќи 32,9 милиони евра (6M2022: 25,3 милиони евра)
Вкупниот приход порасна за 20.9%, изнесувајќи 51,9 милион евра (6/2022: 40,2 милиони евра).
ЕБИТДА, приспособена за курсни разлики, ревалоризации и еднократни резерви, како приходи од Енергбанк, се зголеми за 48.1%, односно на 23,1 милиони евра (6/2022: 15,6 милиони евра).
Нето добивката, приспособена заради приходот од Енергбанк се зголеми на 7 милиони евра (6/2022: 3,4 милиони евра).
Иуте групацијата и нејзините подружници изминатово шестмесечие реализираа големи проекти.
“Цврсто веруваме дека Iute QR базираните плаќања се големо достигнување и еволуција во бизнисот на Iute Wallet бизнисот, носејќи дополнителни нишки на приход кон MyIute еко-системот. Оваа алатка и модел значително го подобрува корисничкото искуство и ги намалува оперативните трошоци. Во меѓувреме, продолжуваме со дигитализација на работењето и олеснување на секојдневието на нашите корисници и надминување на нивните очекувања. Исто така, со огромно задоволство им кажуваме добредојде на 55те нови содружници кои се воедно и вработени во Иуте.” – додава Силд.
Др.Горан Василев, Извршниот Директор на Иуте Кредит Македонија додава дека Иуте Кредит Македонија во изминативе 6 години постоење ја имала привилегијата да црпи искуства и знаење од официјално дигитално најнапредната земја членка во ЕУ, Естонија и токму затоа уште од почетокот се инвестирало локално во напредни технологии.
“Ги следиме и ги воведуваме светските трендови на дигиталната трансформација во светот на финансиите, што резултира со исклучително задоволни корисници потврдено преку НПС-алатката (NPS – Net Promoter Score), а резултатот за 2022 изнесува 83,9 (НПС). Воедно, како лидери на пазарот, имаме обврска да ги едуцираме пазарот и корисниците и да им ги доближиме дигиталните алатки кои го олеснуваат животот во сферата на финансиите.
Преку MyIute апликацијата, која е најсовремена алатка за управување со сопствените финансии, едноставно, брзо и дигитално се аплицира за кредит, се потпишува договор, се следи состојбата на одобрените кредити, отплата, добивање нови понуди итн.
Дополнително, паралелно со процесот на дигитализација, ние инвестираме и во отварање на експозитури, каде нашите клиенти кои претпочитаат директен контакт, имаат можност во живо да поразговараат со нашите советници за клиенти, добијат совет и брза услуга.”, вели Василев.
ИутеКредит Македонија воедно е првата и единствена небанкарска финансиска институција лиценцирана за издавање на Mastercard картичките, во Македонија и во регионот. Ова е големо признание за Иуте од аспект на почитување на строгите критериуми кои ги наметнува глобалниот картичен бренд MasterCard.
Исто така, со повеќе од 400 партнери, 650 продажни места, над 5.000 ново-склучени договори, како и 60 отворени е-шопови само годинава, Iute преку иновативниот модел “Купи сега плати подоцна”, станува прв избор на партнерите и купувачите, модел кој сосема го олесни секојдневието и на партнерите и на купувачите.
“Ние разбираме и дека дигитализацијата носи и предизвици од аспект на заштита на податоците на клиентите. И од тој аспект, Иуте Кредит Македонија е лидер на пазарот, и е единствено финансиско друштво со воведена електронска шема за идентификација. Исто така и организациската поставеност на Иуте Кредит Македонија вклучува контролни функции, односно контрола на усогласеност со прописи, управување со ризици и внатрешна ревизија.
Нашата цел е во иднина да продолжиме да бидеме најбрзиот, најкомфорниот, но и најтранспарентниот провајдер на финансиски услуги во делот на микрофинансирање, но исто така и посветени кон заедницата со континуирана поддршка”, додава на крајот Василев.