Живот 25.08.2023 14:23

„Хајнекен“ излегува од рускиот пазар, својот бизнис го продаде за едно евро

„Хајнекен“ излегува од рускиот пазар, својот бизнис го продаде за едно евро

Вториот по големина производител на пиво во светот, кој имаше седум пиварници и 1 800 вработени во Русија, ги проценува трошоците за напуштање на рускиот пазар на 300 милиони евра
Осумнаесет месеци откако Москва ја започна воената инвазија на Украина, холандскиот производител на пиво „Хајнекен“ објави дека го напушта рускиот пазар продавајќи го својот бизнис во Русија за само едно евро.

Вториот по големина производител на пиво во светот, кој имаше седум пиварници и 1 800 вработени во Русија, ги проценува трошоците за напуштање на рускиот пазар на 300 милиони евра.

„Хајнекен“ ја објави својата намера да излезе од Русија во март 2022 година, но потоа се соочи со низа критики поради бавното темпо на излегувањето од рускиот пазар. Компанијата, пак, инсистираше на тоа дека се обидува да се погрижи за своите вработени во Русија признавајќи дека процесот траел подолго од очекуваното.

Пивото од брендот „Хајнекен“ беше отстрането од рускиот пазар минатата година.

Компанијата беше присутна во Русија околу 20 години.