Економија 21.06.2018 11:34

Хакери ја нападнале берзата за трговија со криптовалути во Јужна Кореа

Хакери ја нападнале берзата за трговија со криптовалути во Јужна Кореа

Хакери ја нападнале берзата за трговија со криптовалути Битамб (Bithumb), од која се украдени виртуелни валути во вредност од 35 милијарди вони (31,51 милиони долари).

Битамб, чија централа е во Сеул, на својот сајт информира дека ги запрела сите трговии откако утврдила дека „од синоќа до утрово се украдени криптовалути во вредност од околу 35 милијарди корејски вони“. Платформата истакна дека ќе ги надомести загубените дигитални пари со сопствени пари и уверува дека ќе ги префрли сите средства на потрошувачите на безбедно место.